Две возила марка „ауди“ биле запалени изминатата ноќ во Скопје. И двете биле опожарени на паркинг простори.
– На 27.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираа од МВР за едниот случај.
По час и половина пристигната пријава за уште едно опожарување.
– На 27.01.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од полицијата за другиот случај.



