Гугл се согласи да плати 68 милиони долари за да реши групна тужба во Соединетите Држави во која компанијата е обвинета за неовластено снимање на приватни разговори на корисници на телефони преку својот гласовен асистент.
Прелиминарен договор за спогодба е поднесен во федералниот суд во Сан Хозе и чека на одобрување од судијката Бет Лабсон Фримен. Тужбата е поднесена од корисници на паметни телефони кои тврдат дека Google , во сопственост на Alphabet , нелегално ги снимал и споделувал нивните приватни разговори со цел да им прикажува целни реклами.
Google Assistant е дизајниран да реагира на таканаречените „жешки зборови“ како „Hey Google“ или „OK Google“, слично на Siri на Apple уредите. Проблемот се појави во ситуации кога системот погрешно го препознаваше обичниот говор како команда за активирање , што беше означено како „лажно прифаќање“ во судските документи.
Корисниците тврдеа дека, по ваквите грешки, добивале реклами поврзани со теми за кои претходно разговарале, што дополнително ги зајакнало сомневањата дека разговорите биле снимани без нивна согласност. Гугл негираше какво било незаконско дело на суд , но се согласи на спогодба за да избегне долги и скапи судски постапки.
Спогодбата се однесува на сите корисници кои купиле уреди на Google или биле погодени од такви грешки од 18 мај 2016 година . Адвокатите што ги застапуваат тужителите би можеле да добијат до една третина од вкупниот износ , или околу 22,7 милиони долари , на име трошоци и надоместоци.
Иако компанијата не сакаше јавно да го објави спогодбата, случајот повторно го отвора прашањето за приватноста, гласовните асистенти и границите на автоматизираното рекламирање , особено во време кога паметните телефони се постојано присутни во секојдневниот живот.
The post Гугл ќе плати 68 милиони долари за прислушување на корисници appeared first on Во Центар.



