Џихан Ахмед официјално се повлече од трката за член на Комисијата за антидискриминација

Џихан Ахмед, кандидатката за член на Комисијата за антидискриминација која пред Комисијата за избори и именувања, наместо за Истанбулската конвенција, зборуваше за Ататурк, официјално ја повлече кандидатурата.
Откако нејзиното име се најде меѓу тројцата предложени кандидати, реагираа од Мрежата за заштита од дискирминација посочувајќи дека таа не ги исполнува бараните услови во огласот.
– На кандидатката и беа поставени две прашања од страна на здруженијата на граѓани кои работат на човековите права и недискриминацијата. Со оглед на тоа што канддатката е професор и работи во образовниот сектор и беше поставено прашањето како ќе ги искоментира последните измени во одредбите за недискриминација во законите за образование, кои Европската комисија ги оцени как спротивни на меѓународните стандарди за правата на човекот. Видено од видеото, кандидатката воопшто не знаеше за кои измени станува збор и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во која таа асписира да биде член, имаше реакција за таквите законски измени, реагираа од Мрежата за заштита од дискриминација.
Против изборот на Ахмед за член на Комисјата уште вчера се изјаснија дека против ќе гласаат и од политичката партија Левица посочувајќи дека со нејзиниот избор се партизира оваа институција поради нејзината поврзаност со Вреди.
Изборот на членови за Комисијата е на дневен ред на денепната собраниска седница.
Џихан Ахмед влезе во најтесниот избор откако пред Комисијата за избори и именувања во Собранието беа интервјуирани вкупно 14 кандидати.

Пронајдете не на следниве мрежи: