Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денес во Загреб одржа работен состанок со вицепремиерот на Владата на Република Хрватска и министер за поморство, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ, на кој, како што соопшти владата, беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете земји.
Владата информира дека во фокусот на разговорите меѓу двајцата вицепремиери бил проблемот со кој се соочуваат транспортерите по имплементацијата на новиот систем за електронски докази во земјите од Шенген зоната.
Николоски нагласи дека ова е фундаментален предизвик што ги засега не само северно македонските транспортери, туку и целиот транспортен сектор во регионот на Западен Балкан.
„Проблемот со превозниците има и пошироки економски импликации, бидејќи влијае и на компаниите од Европската Унија кои инвестирале во регионот и се силно ориентирани кон извоз на европските пазари“, велат од Владата.
Николоски побара поддршка од Владата на Хрватска во наоѓање соодветно и одржливо решение на ниво на Европската Унија, со цел олеснување на работата на транспортерите во Република Македонија и регионот.
Во меѓувреме, блокадите на граничните премини во земјата и регионот продолжуваат и денес, трет ден по ред, како дел од протестот на возачите на камиони од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Протестот е против спроведувањето на ЕЕС системот за престој во Шенген зоната и правилото 90/180 дена, што, според нив, ја парализира нивната работа.
The post Николовски бара помош од Хрватска за проблемот со транспортерите appeared first on Во Центар.



