Најчевска го “поздрави“ изборот на Маричиќ за претседател на ДИК

Професорката Мирјана Најчевска со ироничен статус на „Фејсбук“ реагираше на именувањето на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, за нов претседател на Државната изборна комисија.

< „Ми падна камен од срце. На момент се исплашив дека решиле да стават независен, човек со интегритет и морал на ова место. Која трагедија би било тоа. Ќе се пореметеше цел систем“, напиша Најчевска. Собранието на денешната седница со 83 гласа „за“ го избра Маричиќ за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.

Пронајдете не на следниве мрежи: