Од денеска почнаа казните за Сејф сити. Има праг на толеранција, но според најавите на надлежните, кога ќе се навикнат возачите, ќе се вратиме на европските критериуми. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека сега прагот на толеранција е околу 15 проценти, додека во европските држави е 10 проценти. – Го зголемивме прагот на толеранција, до 50 ќе биде 6 километри на час, над 50 девет километри на час, над 90 – 12 километри на час. Се зголеми таа толеранција да не се казнуваат, но како ќе се навикнуваат возачите, така ќе се вратиме на оние европски критериуми. Ние сега сме малку повеќе, некаде на 15 проценти, изјави Мицкоски.
Пронајдете не на следниве мрежи:


