Во мејлови поврзани со починатиот американски милионер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн се појавуваат наводи дека мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во Соединетите Американски Држави, каде, наводно, биле користени за истражувачки цели,пренесе Libertas.
Мејлот на ниеден начин не е поврзан со скандалот со покојниот сексуален престапник Епстин и претставува новинарско истражување на „Блумберг Бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет.
Текстот е со наслов „Лекот стар 50 години кој би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“(се мисли на кетамин). Во текстот се наведува дека во рамки на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници (поврзани со Универзитетот Колумбија) имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.
Во таа колекција има околу 1.000 мозоци (од лица што извршиле самоубиство и контролни примероци).
Македонија е спомната како една од земјите што придонела со примероци, преку соработка со научници од Универзитетот Колумбија. Во текстот стои дека мозоците од Македонија биле отстранети по смрт, биле веднаш замрзнати, транспортирани во САД за научни цели и правилно означени и архивирани. Целата новинарска сторија може да ја прочитате во продолжение и таа е јавно достапна на страницата на американското Министерство за правда.
Според објавените информации, во електронската кореспонденција се спомнуваат логистички детали за криопрезервација (длабоко замрзнување) на човечки мозоци, како и нивно носење во специјализирани лаборатории во САД. Дел од мејловите наводно укажуваат дека примероците потекнувале од Македонија, што предизвика силни реакции и сериозни прашања во јавноста.
Илјадници човечки мозоци од македонски државјани завршиле на продажба откриваат фајловите на педофилот Џефри Епстин.
Епстин донирал огромни суми за истражување на човечкиот мозок, а примероците биле од македонски државјани.
-Налетав на е-маил со датум: вторник, 5 февруари 2019 година, кој потврдува дека осудениот педофил Џефри Епстин, преку својата фондација (Jeffrey Epstein VI Foundation), донирал огромни суми за истражување вршено врз мозоци потекло од Македонија. Станува збор за период во 90-тите и 2000-тите години, кога организирано, преку одредено лице, се ваделе мозоци од починати лица во Македонија и се испраќале во Америка.
Преводот на клучниот пасус гласи:
„Малата балканска земја Македонија ги обезбедува најновите мозоци, благодарение на еден член на факултетот на Универзитетот Колумбија кој потекнува оттаму и кој помогнал да се организира целиот процес. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и со авион се транспортираат во сандаци, под специјална придружба, поминувајќи околу 7.500 километри (4.700 милји) за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, означени со QR-кодови. Внатре се наоѓаат дисецирани делови од розово ткиво во пластични кеси, обележани со маркери: десна страна, лева страна и датум на земање.“
Според непотврдени информации операцијата мозоци од клиниката во Скопје за истражување на престижен универзитет во САД го организирал и практично му бил бизнис на познато лице со потекло од Скопје кој наводно станал професор на тој престижен универзитет и „дилер“ со мозоци за што бил наградуван
Министерството за правда на САД објави милиони страници документи поврзани со случајот Епстин (30.01.2026)
Пишува на Фејсбук, Бурим Ќерими
Ова откритие доаѓа во период кога континуирано се објавуваат нови документи, мејлови и контакти поврзани со мрежата на Епштајн, поради што неговото име и години по смртта останува во фокусот на глобалната јавност. Секое ново обелоденување отвора дополнителни сомнежи за обемот на неговото влијание и активностите што се одвивале зад затворени врати
Пронајдете не на следниве мрежи:


