Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција по средбата во Владата со репрезентативните синдикати на администрацијата соопшти дека е постигнат значаен договор со синдикатите УПОЗ и САДУ, со кој се предвидува етапно покачување на платите за вработените во администрацијата, судовите и обвинителствата. Планот предвидува вкупен раст на платите од речиси 40% во период до 2028 година.
-Ова е поширок пакет кој опфаќа околу 11.000 вработени. Владата, како најголем работодавач, воспоставува договор кој гарантира достоинствено ниво на плати. Ова е историски момент бидејќи досега никогаш не сме имале ваков долгорочен план за усогласување на примањата – изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека по договорите со вработените во образованието и здравството, сега се заокружуваат односите и со државната администрација. Според него, овие храбри чекори се резултат на домаќинско и одговорно работење со државната каса, дури и во услови на светски економски предизвици.
Администрацијата и Владата се договорија за 8 отсто покачување, се чека „амин“ од органите на УПОЗ



