Како што тврдат италијанските медиуми, тимот на Јувентус е сериозно загреан за услугите на младиот играч на екипата на ПСЖ, Марко Верати.
„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Јувентус сака да го сочека епилогот од останувањето на Карло Анчелоти во ПСЖ, па во зависност од тоа дали би останал во ПСЖ или не, Јувентус планира да тргне во напад за младиот фудбалер од средината на теренот.
Имено, лошите резултати на ПСЖ во последно време резултираа со шпекулациите дека Карло Анчелоти би можел да добие отказ во својот клуб.
Одредени италијански медиуми велат дека и самиот Марко Верати би сакал да си оди од Париз, и тука би настапил Јуве со солидна понуда за ангажман.
Пронајдете не на следниве мрежи: