ССМ утре го блокира Собранието, Гаши им порача на пратениците како знаат да дојдат на работа

Македонското Собрание утре ќе биде блокирано од 09 часот. Сојузот на синдикати почнува со најавените блокади, а први на удар ќе бидат пратениците од Собранието кои не ќе можат да дојдат на работа со своите возила, туку тоа ќе мора да го сторат пешки.
         Ќе бидат блокирани улиците Даме Груев и 11 Октомври, а целта е да се испрати порака до пратениците кои повеќе од една година го блокираат законот за минимална плата и не ја прифаќаат најновата иницијатива од ССМ да се намалат функционерските плати за 80 проценти.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција рече дека согласно закон потребни се по најмалку 21 човек на двете локации.
Претседателот на Собранието Африм Гаши со порака до пратениците да си дојдат пешки утре на работа затоа што Собранието ќе работи.
– Најавивме на сите координатори да им кажат на пратениците да најдат начин да дојдат на седница, оти мора да продолжиме да работиме, а притоа да го почитуваме правото на протест. Нема да има специјално обезбедување на Собранието, рече Гаши на редовниот брифинг со новинарите.

Пронајдете не на следниве мрежи: