Работнички протест во центарот на Скопје, ќе биде блокиран приодот до Собрание

Сојузот на синдикати на Македонија утрово од 09 часот  го блокира пристапот до Собранието, за да не може пратениците да дојдат со возила на работа и како што велат „да поминат покрај работниците и да ги погледаат во очи“, како и да не можат да си наплатат за гориво, она што според Синдикатот, ќе биде најболната точка за народните избраници.

„Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати. За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата (од сегашната минимална плата и новата минимална плата). Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку блокадата ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“, соопштија од ССМ.
Избегнувајте ги овие улици, денеска во Скопје! Ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест

Според претседателот на Собранието Африм Гаши, законодавниот дом денеска ќе работи паралелно со протестот на ССМ. Очекува протестот да помине мирно, а ќе нема дополнително обезбедување на објектот.

Пронајдете не на следниве мрежи: