Како што беше најавено утрово со блокада на Собранието почна протестот што го реализира ССМ, како почеток на повеќе последователни протести на институциите што во следниве денови стартуваат со единствено барање – зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.
Денеска блокирани се влезовите и пристапите на Собранието и улицата пред Собранието. Од ССМ велат дека прво го блокираат Собранието затоа што пратениците повеќе од една година не ги носи измените на законот за минимална плата и се глуви на нанојновата иницијатива на ССМ за намалување на функционерските плати
„Пратениците цела година молчат за предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати. За да ги заштитиме интересите на работниците, работниците бараат минималната плата веднаш да се зголеми на 600 евра, а останатите плати да се зголемат за најмалку 6.000 денари или за разликата од зголемувањето на минималната плата (од сегашната минимална плата и новата минимална плата).
Пратениците први ќе се соочат со работничкиот гнев, а преку блокадата ќе ги оневозможиме тој ден да наплатат патни трошоци кои надминуваат и 100 евра за еден ден, да дојдат пешки или со градски превоз онака како што одат на работа работниците“, соопштија од ССМ.
Според претседателот на Собранието Африм Гаши, законодавниот дом денеска ќе работи паралелно со протестот на ССМ. Очекува протестот да помине мирно, а ќе нема дополнително обезбедување на објектот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


