Поранешниот пратеник на ДУИ Арбен Зибери своето политичко дејствување ќе го продолжи во Демократско движење предводено од Изет Меџити, кое е дел од владејачката коалиција Вреди, јавува порталот Алмакос.
Зибери беше пратеник на ДУИ во претходниот собраниски состав, а во Владата на СДСМ и ДУИ беше и директор на Центарот за јавно здравје.
Kако што , објави порталот Газета, семејството Зибери е познато како семејство со интелектуална традиција и со значаен влијание, особено во Скопје. Овој развој се гледа како доказ дека по победата на локалните избори, Вреди ( исто така се консолидира и во регионот на Скопје, со проширување на својата политичка база. Д-р Арбен Зибери е познат како еден од најактивните пратеници во Собранието, но и како успешен професионалец во медицинската област.
Пронајдете не на следниве мрежи:


