Американскиот актер Орландо Блум (49) започна врска со манекенката Луиза Ламел, која е 21 година помлада од него, откако ја раскина свршувачката со Кети Пери. Тие беа видени како го напуштаат стадионот „Левис“ во Санта Клара по Супербоул.
„Тие беа заедно во станот на Рејзинг Кејн. Беа навистина блиски. Разговараа со Тод Грејвс и Џејми Фокс“, изјави извор за Дејли Меил.
Orlando Bloom foi visto saindo de braços dados com a modelo Luisa Laemmel do Super Bowl 2026. #SuperBowl pic.twitter.com/TeVfDvYbMv— Orlando Bloom BR (@obloombrasil) February 9, 2026
Тие сè уште не ја коментирале веста дека се во врска. Луиза Ламел живее во Њујорк и соработувала со неколку брендови, вклучувајќи ги „Келвин Клајн“ и „Бренди Мелвил“.
Таа потпиша договор со неколку модни агенции, вклучувајќи ги „Њујорк модел менаџмент“, „Вумен 360 Париз“, „Лаб моделс“ и „ЛА модел менаџмент“. Позираше за колекцијата венчаници на Вера Ванг за 2024 година.
Орландо Блум беше во врска со Кети Пери речиси 10 години, а во јуни 2025 година потврдија дека ја раскинале свршувачката. И покрај ова, тие останаа во добри односи и делат еднаква одговорност за воспитувањето на нивната ќерка, Дејзи Дав, која се роди во 2020 година.
Кети Пери ја пронајде среќата со поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо. На крајот од минатата година, тие престанаа да се кријат и објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи.
The post Орландо Блум излегува со манекенка 21 година помлада од него откако раскина со Кети Пери, беа „фатени“ заедно appeared first on Во Центар.



