Околу 15 фирми за производство на медицински канабис во Македонија добиле 4 милиони евра субвенции од Владата, објави „Фокус“ повикувајќи се на информации од „Отворени финансии“ а потврдени и од Владата. Договорите за субвенциите биле склучувани во времето на СДСМ, а исплаќањата биле вршени во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, објави неделникот. Целта според владата е да се поттикне економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за зголемување на конкурентноста на економијата. Фирмите што се субвенционирани имаат легален пазар во странство.
Проектитите за субвенционирање според информации на „Фокус“ се однесуваат на период од 4 години. Фирмата „Синцеритас“ од Скопје добила 704 илјади евра, „Недцан Македонија Охрид“ добила 520 илјади евра, „Флауер Пауер“ од Вевчани 253 илјади евра, „Мар Медика“ 120.500 евра, „Ендо Кана“ 61 илјада евра, „Тетра Хип“ од Кочани 44 илјади евра, „НЈСК Холдинг“ 253 илјади евра, „Еволв Хеалтх“ 488 илјади евра, „Бул Билдинг“ 433 илјади евра, „Амери Фармаси“ 609 илјади евра, „ИД канабис“ 12 илјади евра и „Аура Фарм“ 362 илјади евра.
Пронајдете не на следниве мрежи:


