Во Србија приведен Саит Саитов, потврди МВР

Осумнаесетгодишениот Саит Саитов кој се бараше со потерница поради тоа што прегази жена во Скопје, е приведен во соседна Србија, потврди Министерството за внатрешни работи.
– Во Белград лишен од слобода Саит Саитов, кој прегази жена во Скопје и избега
На 11.02.2026 од страна на надлежните служби во Србија известени сме дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026, соопшти МВР.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

Пронајдете не на следниве мрежи: