Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче вели дека со лидерот на ССМ Слободан Трендафилов нема ништо заедничко освен тоа што и двајцата ги следат.
– Трендафилов сум го сретнал пред година и пол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко го гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излеге пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде се движам. Каква е таа злоупотреба на безбедносните служби?, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија, зборувајќи за злоупотребите коишто ги прави власта.
Според Филипче, барањата на синдикатот за зголемување на платите се реални и може да се реализираат со кратење на непродуктивните трошоци.
– Не е коректно да не им се излезе во пресрет на луѓето, вели Филипче.


