Левица бара оставка од пратеничката Дафина Стојаноска

Левица денеска побара оставка од пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска откако таа објави видео од претседателот на ССМ со неговите малолетни деца.
Screenshot
Од Левица велат дека пратеничката функција е сосема спротивна од она што Стојаноска го демонстрира.                                                  – Кога некој ја користи функцијата за таргетирање поединци, за вовлекување семејства и деца во политички пресметки и поттикнување атмосфера на заплашување, тој престанува да ја остварува суштината на пратеничката улога и ја сведува функцијата во параван за партиска агресија, оценува Левица.
Од Левица велат дека Стојаноска, години наназад е симбол на политичка привилегираност, која цел круг на фамилија го има вдомено во државните институции, со шест стана, меѓу кои и четири во Скопје и енормни патни трошоци кои ги наплатува од државната каса.
Пратеник кој свесно ги преминува границите на приватност, пристојност и интима – очигледно не си ја разбира обврската како народен претставник, па не ни заслужува да седи во законодавниот дом, велат од Левица.
Оставката на Дафина Стојаноска, според Левица, е чин што барем минимално би го ублажил овој скандал и срам за Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи: