Цвета Ристовска, член на Антикорупциската комисија поднесе неотповиклива оставка.
– По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од функцијата член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Жалам доколку одредени околности, вклучително и можни административни пропусти, доведоа до неосновани сомнежи во јавноста. Во сите ситуации во моето работење во Комисијата во кои постоеше можност за потенцијален судир на интереси барав изземање, согласно законот. Никогаш немав намера да прикријам информација, напротив ги почитував законските обврски, вели Ристовска во оставката доставена до претседателот на Собранието.
За Ристовска, опозицијата неколкупати досега излезе со информации за судир на интереси.


