Ексградоначалникот на Чашка заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.
Четириесет и седумгодишниот Г.С. во периодот јануари 2021 до декември 2024 година, на 10 лица вработени во Општината во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
На едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, овозможил 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.


