Трошоците на живот во јануари на годишно ниво се зголемени за 3,2 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Статистика измери дека на месечно ниво има намалување на инфлацијата од 0,7 проценти, но сепак во јануари бележи зголемување на трошоците на живот во делот на домувањето односно електричната енергија, водата и во делот на покуќнината и опремата за домаќинствата за еден процент, како и во делот на алхоколните пијалоци и тутунот за 0,1 процент.
Нема намалување во делот на храната и пијалоците кои во јануари се на исто ниво како и во декември.
Намалување, според статистика, има кај транспортот, облеката за 1.2 проценти и кај личната нега за 0.5 проценти.


