17 години затвор за турскиот државјанин кој го уби својот сонародник во Штип

Судската седница заврши со изведување на докази и давање искази од сведоци од страна на четворица турски државјани, кои се обвинети дека му помогнале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој го уби својот сонародник во кафуле во центарот на Штип, минатиот мај.

Портпаролот на Основниот суд, Штип, и воедно судија, Сашко Георгиев, за Новинската агенција изјави дека денес имало исказ од сведоци за четвртиот обвинет, додека за 18 февруари во 12:30 часот во Основниот суд Штип се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството.

Инаку, Кадир Кара претходно се изјасни за виновен за убиството на сограѓанин во кафуле на градскиот плоштад „Лирија“ во Штип, за што судот го осуди на 17 години затвор и депортација од земјата, откако ја издржа казната во македонски затвор.
The post 17 години затвор за турскиот државјанин кој го уби својот сонародник во Штип appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: