Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, ексресно му врати на Мицковски, и му порача дека партијата ќе направи оценка на работата на сите свои функционери во извршната власт и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе остане зад актуелните министри, меѓу кои и министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани.
Свесни сме дека премиерот е мандатар и тој одлучува кој ќе биде министер, но додека станува збор за политичка влада во која учествува Беса како дел од коалицијата Влен, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна како дел од идната Влада“, рече Касами.
Тој најави дека од сите функционери ќе биде побаран извештај за сработеното во изминатиот период, по што раководството на партијата ќе оцени дали е задоволно од нивниот ангажман. „Ќе се донесе одлука дали ќе бидеме задоволни од работата на Лимани и другите функционери“, изјави Касами
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со најавите за можно разрешување на Лимани, изјави дека е задоволен од неговата работа и дека нема информации за негова смена.
„Мислам дека тој е додадена вредност во Министерството за социјални работи. Јас сум носител на мандатот и јас ја формирам Владата“, изјави Мицкоски.
Премиерот додаде дека доколку некој заборавил кој го има мандатот за состав на Владата, тој потсетува дека таа одговорност е негова, алудирајќи на политичките пораки што доаѓаат од коалициските партнери.
Што се однесува до прашањето за Лимани, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, не сакаше да коментира, бидејќи според него тоа е внатрешно прашање на Движењето Беса за кое се надева дека ќе биде надминато.
-Прашањето Лимани е внатрешен проблем, значи е во рамки на Беса и верувам дека Беса има капацитет заедно да го надминат и да продолжат понатаму, вели претседателот на ДД, Изет Меџити.
Пред неколку денови во Клик Плус, Билал Касами рече дека постои незадоволство од членовите на Беса за начинот на комуникација на Лимани и најави дека истиот може да биде разрешен од министерската функција, како кадар на Беса. Но, вчера премиерот Мицкоски застана во одбрана на Лимани, истакнувајќи дека е задоволен од неговата работа и дека тој како мандатар одлучува за составот на владата, по што следуваше репликата на Беса и КАсами, дека сепак тие а не ВМРО ДПМНЕ решаваат кој ќе ги претставува во Владата.


