Епидемија на сипаници избувна во Северен Лондон, при што беа заразени повеќе од 60 деца

Епидемија на сипаници избувна во Северен Лондон, а повеќе од 60 деца се заразени, објавија здравствените власти, повикувајќи ги децата да се вакцинираат, објавија денес британските медиуми.

Епидемијата на мали сипаници брзо се прошири во седум училишта и една градинка во северен Лондон, а на некои деца им е потребен болнички третман, објави „Сандеј тајмс“.

Агенцијата за безбедност на здравјето на Обединетото Кралство (UKHSA) пријави 34 потврдени случаи на мали сипаници во Енфилд, северен Лондон, помеѓу 1 јануари и 9 февруари. UKHSA предупреди дека епидемијата може да се прошири на помеѓу 40.000 и 160.000 деца, освен ако не се спроведе итна вакцинација.

Светската здравствена организација (СЗО) минатиот месец предупреди дека Велика Британија го изгубила статусот на земја без сипаници. Директорката за јавно здравје на Енфилд, Дуду Шер-Арама, за „Сандеј тајмс“ изјави дека Лондон има „една од најниските, ако не и најниските стапки на вакцинација“ во земјата, што го прави главниот град особено ранлив на епидемијата.
The post Епидемија на сипаници избувна во Северен Лондон, при што беа заразени повеќе од 60 деца appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: