Сојузот на синдикати денеска со блолада на пристапите кон Владата ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите други плати за 100 евра. Владата е третата институција која ќе биде блокирана од синдикатот откако минатата недела беа блокирани Собранието и Стопанската комора.
Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
Со по 21 човек, колку што налага Законот за јавни собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата која денеска треба да одржи редовна седница.
Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност на седницата да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.
Со ова, ССМ по протестот одржан на 28 јануари, ги реализира најавените блокади на институциите. Доколку не наидат на разбирање, најавуваат организирање на уште еден протест и генерален штрајк, кој според информациите, ќе биде 24-часовен.


