Почна блокадата на Владата. Сојузот на синдикати ги блокира влезовите на Владата барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на остантите плати за 100 евра, а премиерот си влезе комотно , пешки на главната врата на владината зграда.
ССМ денеска по Парламентот и Стопанската комора денеска ја блокира Владата. Посоката е дека и покрај барањата на работниците за поголеми плати институциите остануваат глуви.
Владата на премиерот МИцковски спорд ССМ остана глува на барањата за зхолемување на минималната плата и не се согласи да ги субвенционира дел од придонесите за да се зголеми минималната плата, велат од ССМ.
Блокадата, како што појаснуваат од ССМ, е поради тоа што Владата и работодавачите не се договориле за зголемување на платите на работниците и затоа што минатата година Владата не го прифатила предлогот за субвенционирање на дел од придонесите.
Со 21 човек, колку што налага Законот за јавните собири, ќе бидат блокирани влезовите на Владата, која денеска треба да одржи редовна седница, а таа пракса најави Трендафилов ќе ја продолжиме и во сите градови во Македонија
Од ССМ очекуваат дека ќе наидат на разбирање и посочуваат дека Владата има можност на седницата да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.
Тие и даваат рок на владата до крајот на овој месец а на голем протест повикуваат во првата половина на Март, пред зконско фомирање на висината на платата.
– Последната блокада пред Владата е токму поради тоа што ги блокира работничките плати долг временски период за кој вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 9.250 денари или едно четиричлено семејство е посиромашно за 9.250 денари. Падна и последниот аргумент на владините претставници, кои заедно со газдите го кажуваат континуирано овој период, а тоа е дека македонските работници не се продуктивни. Македонските работници се премногу продуктивни за платите што ги примаат или само 17 проценти од она што го создаваат како капитал на работодавачите се слева во платите на работниците или како пример – 24.379 денари изнесува минималната плата месечно за еден работник, а 290.000 денари е продуктивноста што ја создава работникот за работодавачот – изјави вчера претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Со ова, ССМ, по протестот одржан на 28 јануари, ги реализира најавените блокади на институциите. Доколку не наидат на разбирање, најавуваат организирање уште еден протест и генерален штрајк, и дневни протести по другите градови
Во Владата и покрај протестот, нема запирање на активностите , и као што се виде премиерот Христијан Мицески дојде најтранспарентно на главниот влез на зградата на Владата .Засега не се знае дали ќе дојде до каква било средба.
ССМ очекува дека ќе наиде на разбирање од Владата. Доколку нема исход од денешната блокада ССМ најавува уште еден протест и организирање на генерален штрајк, препдупредуваат дека ниту видеата, ниту следењата, заокружувањата со фломастер на тие кои протестираат, нема да ги заплаши и дека се андеваат дека ќе победат во оваа синдикална битка за поголеми права и поголеми прави за работниците.


