Владимир Панчевски отпадна од трката за државен јавен обвинител

Владимир Панчевски, кој е еден од кандидатите за државен јавен обвинител, не ги исполнува условите за избор за прв човек на Јавното обвинителство.
Советот на јавни обвинители, кој одлучува по кандидатурите, се изјасни дека Панчевски не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години.
Покрај Панчевски, во трката за државен јавен обвинител се и Анита Тополова-Исајловска, која сега ја извршува функцијата вршител на должноста, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.
За нив, Советот на јавни обвинители се очекува да се изјасни.                                       Новиот државен јавен обвинител треба да го наследи Љупчо Коцевски кој во декември поднесе оставка пред да биде разгледана неговата интерпелација во Собранието. Коцевски ја оцени постапката за негово разрешување како политичка одлука.

Пронајдете не на следниве мрежи: