Мицкоски: Нашата обврска е јасна, економија со ред, пазар со правила, држава со достоинство

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведноста во општеството. За довербата во системот. За тоа дали ќе дозволиме чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат истакна премиерот Мицковски на отоврањето на конференцијата

Сивата економија не е апстрактен поим. Таа е изгубен приход за државата, но уште поважно – изгубена можност за повисоки плати, подобри болници, модерни училишта, посигурни пензии итн. Таа создава нелојална конкуренција, ја руши довербата во институциите и го демотивира секој којшто работи чесно.
Нашата цел е јасна: формалната економија да стане попривлечна од неформалната. Да биде полесно, поисплатливо и посигурно да се работи легално, нагласи МИцковски.
Потпа тој посочи,  дека во тој процес сака  јавно да изрази искрена благодарност до министерката за финансии, Гордана Кочовска Димитриевска, за нејзината исклучителна посветеност, професионалност и дисциплина во управувањето со јавните финансии.
-Во време на глобални економски притисоци, растечки трошоци и неизвесности, Министерството за финансии обезбеди стабилност, контрола и подобрена наплата на приходите.
Благодарност упатувам и до Министерството за економија и труд, Управата за јавни приходи, Финансиската полиција итн. Нивната координирана и засилена акција во сузбивање на даночните измами, финансискиот криминал и нелегалните текови испраќа јасна порака, а пораката е дека законот важи за сите. Нема селективност. Нема привилегирани. Секој што работи – мора да придонесува.
Но, да бидеме искрени – оваа борба не може да биде само инспекциска, таа мора да биде и системска, порача премиерот Мицковски.

Пронајдете не на следниве мрежи: