Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори и смета дека владата функционира одлично.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада – реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна денеска Мицкоски.
Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат токму реформите и нивната реализација.
Според премиерот, владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ.
Во однос на изборот на јавен обвинител, Мицкоски кажа дека сѐ уште нема одлука.
„Кога ќе имаме одлука јавноста ќе биде запознаена“, рече премиерот.
Државен или Јавен ОБВИНИТЕЛ, кога со реформите, кој избира…?


