Артан Груби е уапсен и спроведен.Сам влегол легално на преминот Блаце

РАно утрово МВР го уапси Артан Груби на граничниот премин Блаце.Тој сам влегол легално на преминот од кој што и избега за Косово
Артан Груби екс прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.
Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.
Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2 Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.
Македонската полиција со официјална потврда за апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби.
– Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од Кривичниот Законик, известија од МВР за Скопје Инфо.

Артан Груби  е поранешен прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, а се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Пронајдете не на следниве мрежи: