Без лиценци останаа шест компании кои одгледуваат марихуана

Компании од Струмица, Стојмирово, Босилово и Валандово кои одгледуваат канабис за медицински цели останаа без лиценците за работа. Кај нив констатирани се недоследности по извршената контрола откако во јавноста излезе скандалот со шверцот на пет тони марихуана во Србија.
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги соопшти имињата на компаниите. Дел од компаниите се вмешани во случајот со шверцот на марихуаната во Србија.
Лиценците им се одземени на Алфафам, Грин лајф, ЦБД Медплант, Лајф плант, Атафарм и Канабиноидс.
Констатирани се неправилности како несоодветно складирање на сув цвет, недоследни известувања до Комисијата, нецелосна документација за продажба и трансфер…..
Владата најавува контрола во сите 43 правни субјекти кои се занимаваат со одгледување на марихуана за медицински цели. Досега се извршени контроли кај 13 правни субјекти.
По завршување на контролите, министерот најавува и ново законско решение затоа што во сегашното, као што рече, биле констатирани пропусти и можности за злоупотреби.

Пронајдете не на следниве мрежи: