Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата што го предложи опозицијата, а со кој се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра не го помина собранискиот филтер на Комисијата за економски прашања.
Опозицијата апелираше до своите колеги од позицијата да гласаат за ова законско решение притоа не рамислувајќи за политика, туку за животниот станрад на граѓаните. Дел од пратениците дури и преку примери се обидоа да укажат дека животните трошоци се зголемени и дека има реална основа за зголемување на минималната плата.
Сепак, закоснките измени не беа изгласани, а пратениците од владејачкото мнозинство не се вклучија во дебатата за ова прашање.
Без ова интервентно зголемување на минималната плата, останува таа да се усогласи во март и според пресметките зголемувањето ќе биде само околу 1.500 денари.
Според Сојузот на синдикати, ова најавено зголемување на минималната плата во март е веќе однапред изедено имајќи предвид дека синдикалната потрошувачка кошничка во првите два месеца од годинава е зголемена за речиси 2.000 денари.


