Со средба со градоначалникот на Чаир почна посетата на албанскиот претседател

Посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај на земјава почна со средба со градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.
Меџити на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од пречекот под кои напиша – Добредојде претседателе, брате, претседателе на Албанија, Бајрам Бегај.
Во поканата од Општина Чаир за денешната посета на албанскиот претседател се наведува дека Општина Чаир ќе биде првата точка од официјалната посета на албанскиот претседател.
Утре, албанскиот претседател ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова. По официјалниот пречек со највисоки државни и воени почести ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и албанската делегација.

Пронајдете не на следниве мрежи: