Ѕвездата на OnlyFans негираше дека локацијата на нарко-босот Ел Менча е откриена поради неа: Немам никаква врска со тоа

Ѕвездата на „OnlyFans“, Марија Хулиса, негираше дека благодарение на неа мексиканските безбедносни сили го лоцирале Немесија Осегера Сервантес, попознат како Ел Менчо, убиениот водач на картелот „Нова генерација Халиско“.

Гласините почнаа да се шират откако на социјалните мрежи беше објавена лажна фотографија од нив двајца, направена со помош на вештачка интелигенција.

„Сакам да бидам апсолутно јасна: немам никаква врска со оваа ситуација. Информациите што циркулираат се лажни. Ги молам сите да не наседнуваат на лажни вести и секогаш да бараат сигурни извори“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

Останува нејасно зошто Марија Хулиса стана предмет на неосновани тврдења, бидејќи мексиканските власти не го објавија идентитетот на жената што го посетила неговиот ранч во рурална Тапалпа.

И покрај недостатокот на докази, на социјалните мрежи се проширија бројни објави во кои се тврди дека таа била една од девојките на убиениот водач на картелот.

Мексиканскиот министер за одбрана Рикардо Тревиља претходно изјави дека мексиканските безбедносни сили го пронашле Ел Менчо благодарение на неговата љубовница, чие име не го откри.

Таа го напуштила ранчот во Тапалапа, а Ел Менчо и остатокот од неговиот картел останале во криење. После тоа, мексиканската армија ги распоредила своите специјални сили, по што следела конфронтација. Картелот отворил оган врз војниците, по што Ел Менчо и неговите соработници биле убиени.
The post Ѕвездата на OnlyFans негираше дека локацијата на нарко-босот Ел Менча е откриена поради неа: Немам никаква врска со тоа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: