Бугарија очекува железничкото поврзување со Македонија да биде завршено до 2030 година

До 2030 година, Бугарија и Македонија ќе ја завршат изградбата на железничката врска меѓу двете земји. Ова беше најавено за време на состанокот во бугарското Министерство за транспорт и врски меѓу вршителот на должноста министер за транспорт и врски Корман Исмаилов и амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Агнеза Руси Поповска, известува од Софија.

Во соопштението се наведува дека по ратификацијата од страна на парламентите на Бугарија и Македонија на Договорот за изградба на прекуграничниот железнички тунел, следната фаза е формирање на Заеднички комитет, со кој ќе претседаваат заменик-министрите за транспорт на двете земји, кој ќе ја координира подготовката, изградбата и идното работење на проектот.

Прес-службата на бугарското министерство додаде дека министерот Исмаилов го нагласил забрзаното темпо со кое бугарската страна работи на модернизацијата на железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево. Од своја страна, амбасадорката Руси Поповска нагласи дека соработката меѓу институциите на двете земји е важен предуслов за непречено спроведување на проектот.

Минатиот месец Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија за изградба на прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Проценетата должина на тунелот е околу 2,4 километри, од кои 1.189,30 метри на Македонска територија и 1.193,70 метри на Бугарска територија
The post Бугарија очекува железничкото поврзување со Македонија да биде завршено до 2030 година appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: