Мицкоски: Кризата на Блискиот Исток е мошне сериозна, мојата борба е граѓаните да плаќаат поевтино од соседството

  Светот влезе во период на нови конфликти и геополитички турбуленции. Пазарите на енергија се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. Стабилноста на многу земји е на тест. Во вакви времиња, државите мора да бидат внимателни, сериозни и одговорни, вели премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочува дека како Влада прават анализи и преземаат чекори и нема да дозволат работите сериозно да се влошат. Мојата цел вели Мицкоски, е да имаме најефтини бензини во регионот.
-Како Влада сме посветени на две прашања. Првото – анализи и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најефтини бензини во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Но ќе се борам моите нашите граѓни да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија, рече Мицкоски.
Мојата цел, нагласи тој, е да ги имаме најевтините извори на енергија во регионот и покрај реалноста дека мора да има зголемување на цените.
На   прес-конференција тој истакна деа Државниот пазарен инспекторат е на терен поради поплаките од граѓани дека на некои бензински пумпи има ограничување при точење дизел, но нагласи дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата е стабилно.
Тој посочи дека ваквите појави најчесто се забележани во пограничните општини, каде што има зголемен притисок поради значително повисоките цени на горивата во соседните држави.
Тој додаде дека според информациите што ги добил од Државниот пазарен инспекторат, на целата територија на државата, граѓаните и бeнзинските непречено се снабдуваат со гориво.
Мицкоски истакна дека државните резерви се доволни за подолг период и дека енергетската состојба во земјата е стабилна.
– Државните резерви можат да покријат целодневен конзум повеќе од 62 дена, снабдувањето би рекол дека е повеќе од одлично. Кога почнавме да го рестартираме нафтоводот со нашиот јужен сосед на многумина им изгледаше чудно и невозможно, но поминаа сите тестови и можеме да го користиме и тој капитал. Може да го ставиме и на располагање на соседите и тие да го користат за нивните потреби. Македонија во моментот има стабилна енергетска состојба и е фактор на стабилност во регионот и граѓаните плаќаат најевтина цена за нафта и нафтени деривати, додаде Мицкоски.  

Пронајдете не на следниве мрежи: