Ставиле многу трошоци што не ги употребува едно семејство – Владината кошничка за 160 евра поевтина од синдикалната

Владината просечна потрошувачка кошничка е за 160 евра пониска од синдикалната минимална. Владата пресметала дека на едно четиричлено домаќинство во јануари му биле потребни 56.000 денари- откри во емисијата Бизнис 21 министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Според него владината просечна била поевтина од синдикалната минимална, бидејќи синдикатот имал нереално повисоки пресметки.

„Во јануари 2026 година просечната потрошувачка кошничка што е направена една пресметка од ова нели, наша пресметка е околу 56.000 денари. Ако ја разгледаме структурата на 2025 година ќе видиме значајни разлики по категории. Како на пример кај облека и обувки разликата изнесува за три илјади и нешто денари, околу 50 проценти е поевтина. Кај домување, вода исто така електрика, горива разликата е исто околу 3.000“, вели Дурмиши.

А зошто?

„Поради тоа што таму ставиле многу трошоци кои што не ги употребува едно семејство“. – вели Дурмиши.

Пронајдете не на следниве мрежи: