,,Крајот е исклучиво во мојот ум!” – Трамп изјави дека војната со Иран е „практично завршена“, им се заканува со „крај на земјата“

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше по телефон со новинарката на Си-Би-Ес њуз, Веиџија Џијанг, и рече дека војната против Иран би можела наскоро да заврши и дека размислува за „преземање“ на Ормутскиот теснец.

„Мислам дека војната практично е завршена, во најголем дел. Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили“, рече Трамп Џијанг, додавајќи дека САД се „многу далеку“ пред неговиот првичен проценет временски период од 4-5 недели.

Запрашан за новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кого Трамп претходно отворено го критикуваше, тој рече: „Немам порака за него. Воопшто никаква“.

Трамп рече дека има на ум некој што би можел да го замени Хамнеи, но не сакаше да даде детали.

Во врска со Ормутскиот теснец, Трамп изјави дека бродови моментално минуваат низ него, но дека „размислува да го преземе“.

„Тие испукаа сè што можеа да испукаат и подобро да не пробаат ништо подмолно, бидејќи тоа ќе биде крајот на таа земја“, рече Трамп.

Кога го прашале дали мисли дека војната може наскоро да заврши, претседателот одговорил: „Крајот е исклучиво во мојот ум, на ничиј друг“.
The post ,,Крајот е исклучиво во мојот ум!” – Трамп изјави дека војната со Иран е „практично завршена“, им се заканува со „крај на земјата“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: