Што се случи со 2,5 милијарди фунти на Абрамович по продажбата на Челзи, доби предупредување од Британија

Рускиот милијардер Роман Абрамович е подготвен да покрене судска постапка против британската влада поради парите од продажбата на Челзи, во вредност од дури 2,5 милијарди фунти.

Абрамовиќ тврди дека парите се сè уште негови и дека тој треба да одлучи како ќе се потрошат, и покрај меѓународните санкции против него.

Велика Британија и Европската Унија воведоа санкции против Абрамович во 2022 година по почетокот на руската инвазија на Украина, наведувајќи ги неговите врски со режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Санкциите доведоа до забрзана продажба на лондонскиот клуб, кој на крајот беше купен од конзорциум предводен од американскиот бизнисмен Тод Боели.

Сепак, парите од продажбата, во вкупен износ од 2,5 милијарди фунти, остануваат замрзнати на банкарска сметка во Велика Британија, поради спор околу тоа како треба да се користат.

| Roman Abramovich’s lawyers say the £2.5bn from the sale of Chelsea FC still legally belongs to him and accuse the Keir Starmer government of causing delays in releasing the money.They argue that Abramovich always intended to donate the funds to victims of the Ukraine war,… pic.twitter.com/uTo1UXgwFF— SINGLE (@Young_Fish01) March 9, 2026

Британската влада сака парите строго да бидат наменети за помош на Украина, во согласност со поширокиот европски притисок Русија да ги сноси трошоците за уништувањето предизвикано од војната. Абрамовиќ, од друга страна, сака поголема флексибилност во распределбата на средствата.

Кога објави дека го продава Челзи во март 2022 година, Абрамович изјави дека приходите ќе бидат искористени „во корист на сите жртви од војната во Украина“, што остава можност дел од средствата да бидат насочени и кон руските граѓани погодени од војната.

Неговите адвокати од фирмата „Кобре и Ким“ во понеделник изјавија дека парите сè уште се во целосна сопственост на компанијата „Фордстам Лтд“, преку која Абрамовиќ го финансирал Челзи.

Во писмото испратено пред рокот поставен од британската влада за 17 март, тие ги обвинија министрите за давање политички обоени и многу медиумски експонирани изјави за рускиот милијардер.

Адвокатите тврдат дека Абрамович останува посветен на обезбедувањето парите да се користат за хуманитарни цели, но дека ограничувањата на британската влада за тоа како можат да се трошат предизвикуваат повеќегодишно одложување.

„Британската влада очигледно ја третира оваа донација како форма на казнена мерка против г-дин Абрамович“, се вели во писмото, објавено од Ројтерс.

Британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер, одговори на обвинувањата, велејќи дека парите ѝ биле ветени на Украина пред повеќе од три години.

„Време е Роман Абрамович да го направи она што е исправно. Ако не го стори тоа, ние ќе дејствуваме“, рече Купер.

Британската влада го предупреди Абрамович минатата година дека мора да ги врати средствата или би можел да заврши на суд.

Премиерот Кир Стармер во декември изјави дека времето за постигнување договор истекува.

Сепак, адвокатите на Абрамович велат дека доколку се покрене формална постапка за конфискација на парите, владата ќе се соочи со правна битка на суд.

Според нив, предлогот за донирање на парите за хуманитарни цели го дал Абрамовиќ уште пред да бидат воведени санкциите и, како што тврдат, тој сè уште е решен средствата да бидат искористени за добротворни цели.
The post Што се случи со 2,5 милијарди фунти на Абрамович по продажбата на Челзи, доби предупредување од Британија appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: