Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска прашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител, посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието.
„Денес ќе имаме владина седница и на таа владина седница ќе се дознае името на идниот јавен обвинител или обвинителка и ќе биде доставено до Парламентот“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Владата ќе одлучува од избор од тројца кандидати – Анита Тополова Исајловска, која моментно е в.д државен јавен обвинител, обвинителката Лидија Раичевиќ и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.
Пронајдете не на следниве мрежи:


