Мицкоски: Имаме најниски цени на нафтата во регионот, не се очекува недостиг на горива

Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за моменталното зголемување на цените на нафтата. Тој нагласи дека не се очекува недостиг од нафта.

„Факт е дека како држава имаме најниска цена на нафтата и ова веројатно е добро во моментов од еден аспект, но од друга страна, се создава притисок на бензинските пумпи во некои погранични општини.“

„Бидејќи голем број граѓани од соседството доаѓаат да полнат дизел, се случува на некои бензински пумпи да снема очекуваната залиха. Сепак, оваа брзо се надополнува“, нагласи Мицкоски.

Тој нагласи дека Државниот пазарен инспекторат е постојано на терен и дека нема прекини во снабдувањето.

„Ако го земеме предвид нивелирањето на цените по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, кај нас нафтата е 1,39 евра, додека во соседна Албанија е околу 30% поскапа, па затоа е логично да имаме притисок во западниот дел од земјата. Исто така, во Србија е 1,73 евра, што е околу 25% поскапо отколку во Македонија, а во Косово цената варира, но достигнува до 1,52 евра“, нагласи Мицкоски.
The post Мицкоски: Имаме најниски цени на нафтата во регионот, не се очекува недостиг на горива appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: