Од 14 до 16 март, Кочани ќе ја одбележи годишнината од трагичниот пожар кај „Пулс“

Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните содржини имаат духовен и комеморативен карактер. Ќе бидат презентирани и културни настани. Програмата започнува на 14 март и ќе се одвива до 16 март на различни локации.

На 14 март ќе се одржи служба во црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во Кочани. Во 8:00 часот ќе се одржи литургија за починатите, а во 9:30 часот ќе следи општа панихида. Во 10:45 часот на Градските гробишта ќе се одржи триделна погребна служба за жртвите од трагичниот пожар кај „Пулс“.

За 15 март се планирани неколку спортски и културни активности. Во 9:00 часот се планирани рекреативна трка и велосипедска тура на релацијата Штип – Кочани во чест на 63-те млади луѓе кои ги загубија животите. Во исто време, на патот кон Пониква ќе започне првиот комеморативен пешачки марш „Ивона Антова и 63 ангели“.

Истиот ден, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата во спортската сала во средното училиште „Кочани“.
The post Од 14 до 16 март, Кочани ќе ја одбележи годишнината од трагичниот пожар кај „Пулс“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: