Здравко Чолиќ блеска во друштво на убавица 25 години помлада од него – ја бакна сочно, таа сјае: „Единствената“ (фото)

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ е миленик на жените, па убавите жени го „фаќаат“ каде и да се појави.

Откако неодамна беше во друштво на младата актерка Драгана Миќаловиќ , сега се појави фотографија на која позира со поранешната кралица на убавината Лејла Филиповиќ (49).

Лејла ужива во љубовта и бракот со познатиот водител Тарик Филиповиќ, а на Инстаграм сподели посебен момент со Чола од еден хотел во Загреб.

Во еден момент, Чола ја бакна поранешната убавица во образ, а таа не престана да се смее.

Иако неодамна помина низ стресен период кога, како што беше напишано, врз неговата вила во Белград беше фрлена бомба, пејачот сега не го криеше своето добро расположение.

– Има луѓе кои обележуваат генерации со своите гласови и песни, но уште поубаво е кога зад таква кариера стои толку едноставен, топол и пријателски расположен човек. Единствениот… Здравко Чолиќ – напиша Лејла во описот на оваа објава, која предизвика голем ентузијазам.
The post Здравко Чолиќ блеска во друштво на убавица 25 години помлада од него – ја бакна сочно, таа сјае: „Единствената“ (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: