Серена Вилијамс позираше без градник и ги разбуди мажите, сите се прашуваат само едно по изјавата на Новак

Тениската икона Серена Вилијамс повторно успеа да ги „изгори“ социјалните мрежи. Сопственичката на 23 гренд слем титули објави фотографија која за кратко време го обиколи светот, а причината е нејзиното никогаш попредизвикувачко издание кое го остави машкиот дел од популацијата без здив.

Серена позираше покрај вода во елегантен, свилен фустан, а она што им го привлече вниманието на сите беше тоа што Американката позираше во проѕирна комбинација без градник, истакнувајќи ја својата нова, драстично потенка фигура. Целиот стајлинг, кој медиумите веднаш го нарекоа „Барбикор“, го комплетираше со златен накит.

Во описот на фотографиите, Серена ги потсети фановите на сите улоги што ги извршува во моментов:

– Мама, основач, претприемач, готвачка за своите деца, сопруга и многу повеќе… – напиша таа, но следбениците видоа само едно нешто, жена која изгледа како девојче во петтата деценија.

View this post on Instagram A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

Сепак, покрај убавината, во преден план е прашањето што го мачи целиот спортски свет уште од нејзиното пензионирање во 2022 година: Дали Серена Вилијамс се враќа во професионалниот тенис?

Новак Ѓоковиќ неодамна додаде масло на огнот . Најдобриот тенисер на светот даде криптична изјава на конференцијата во Индијан Велс што крена многу прашина:

– Сите се возбудени и тоа е нешто што со нетрпение се очекува. Ќе видиме. Мислам дека се враќа. Не знам, не сум разговарал со неа, но се чувствува како да се враќа. Каде и како, во сингл или во двојки, не знаеме – рече Ѓоковиќ, фрлајќи милиони фанови во транс.

Со оглед на тоа што Серена изгледа физички поспособна отколку во последните години од нејзината кариера и дека „колената повеќе не ја болат“, враќањето на легендата на Вимблдон или на Отвореното првенство на САД повеќе не изгледа како невозможна мисија.
The post Серена Вилијамс позираше без градник и ги разбуди мажите, сите се прашуваат само едно по изјавата на Новак appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: