Мицкоски тврди дека не го познава лично Савески

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го познава лично Ненад Савески, кој е предлог на Владата за нов државен јавен обвинител.
Во изјава за медиумите, Мицкоски рече дека од она што можел да го види од биографијата на Савески, но и од тоа што се распрашувал за него, дека Савески ќе биде одличен државен јавен обвинител.
       Ги анализиравме сите кандидати, нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители и во една конструктивна дебата донесовме заклучок дека Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител, изјави Мицкоски.
Вчера владината портпаролка Марија Митева соопштувајќи го предлогот за државен јавен обвинител избегна директно да одговори дали Владата ги разгледала кандидатурите на сите кандидати откако претходно премиерот Мицкоски во телевизиско гостување рече дека обвинителката Ленче Ристосвка не е во игра.
Савески е предлогот на Владата кој сега треба да биде изгласан во Собранието, а за тоа му се потребни најмалку 61 глас.
Покрај Савески, позитивно мислење од Советот на јавни обвинители добија и обвинителката Ленче Ристоска, Анита Тополова Исајловска, која ја извршуваше функцијата в.д државен јавен обвинител и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: