Во текот на едно деноноќие полицијата евидентира шест случаи на семејни инциденти. Полицијата соопшти дека се приведени пет лица од Гостивар, Крива Паланка, Битола и Охрид.
Приведени се 27-годишник од с.Долна Бањица, гостиварско, која го пријавила неговата 26-годишна сопруга дека, поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзината мајка на социјална мрежа.
Во Крива Паланка евидентирани се два случаи. Во едниот случај 18-годишник физички го нападнал неговиот татко, а во другиот случај 49-годишник физички го нападнал 16-годишниот син на неговата сопруга.
Во Битола приведен е 33 годишник кој според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25 – годишна сопруга.
Пријавен е и случај на семејно насилство во Прилеп каде 45 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..
Случај на семејно насилство имало и во Охрид каде е приведен 44 годишник кој во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.


