Во напад врз два странски танкери за нафта во Персискиот Залив во близина на пристаништето Басра во Ирак загина еден член на екипажот, објави во четврток ирачката државна телевизија.
Според ирачки пристанишен службеник, два странски танкери што превезувале ирачко масло за горење биле нападнати во ирачките територијални води, што предизвикало пожар на двата танкери.
Шефот на ирачката компанија за пристаништа, Фархан ал-Фартуси, за ирачката новинска агенција изјави дека сите операции на нафтените терминали се целосно суспендирани, додека комерцијалните пристаништа продолжуваат да функционираат нормално.
Тој додаде дека еден член на екипажот е убиен, а дека досега се спасени 38 други. Тој нагласи дека „потрагата по исчезнатите продолжува“, без да ја прецизира нивната националност или кој е одговорен за нападот.
Ирачката влада изјави за националната новинска агенција ИНА дека „два танкера биле предмет на саботажа“.
Ирачки безбедносен извор во Басра за Си-Ен-Ен изјави дека се верува дека ирански брод опремен со експлозив удрил во два брода, но изворот додаде дека истрагата е во тек.
Нафтените пристаништа привремено ги прекинаа операциите по нападот.
Иран продолжи да напаѓа пристаништа, танкери и нафтени постројки, а Израел и САД исто така продолжија да го напаѓаат Иран.
The post Два танкери за нафта нападнати во ирачки територијални води, едно лице загина appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



