Мотивот за злосторството засега е непознат.
Маж од Алабама, Кинат Вилијам Тери помладиот (19), ја застрелал својата сопруга, Прешус Џонсон (24), во болницата кратко откако несреќната жена се породила, а потоа го насочил пиштолот кон себе со намера да се самоубие.
Кога полицијата пристигна во болницата Баквуд во недела, на 1 март, ги пронашла телата на маж и жена во болничка соба. Се верува дека станува збор за убиство и самоубиство.
Мајката на Тери изјави дека двојката имала брачни проблеми, но дека нејзиниот син не бил насилен.
Дејн Хауард, претседател на Здружението на болници во Алабама, рече дека има неколку места каде што треба да се чувствуваме безбедно – црква, болници и семејни домови – но тоа веќе не е случај.
The post ЈА УБИЛ ЖЕНАТА ШТОМ СЕ ПОРОДИЛА Невидено злосторство, мајката на убиецот го брани: „Имале брачни проблеми“! appeared first on Во Центар.



