Во последниве години, низ целиот свет се регистрирани неколку инциденти кога батериите на телефоните експлодирале, во моментот на прегревање или додека уредот се полнел.
Овие инциденти нè потсетуваат на потенцијалните безбедносни ризици со електронските уреди, објавува News18.
Бизарен случај е забележан во Кина, каде што телефонот на една девојка експлодирал во нејзините раце.
На снимката од безбедносната камера, гледаме мало девојче на софа како држи телефон, веројатно си игра. Се чини дека уредот е поврзан со полначот, но не е најјасно.
Неколку секунди подоцна, настанува хаос! Телефонот експлодирал, со силен тресок, а експлозијата толку многу го исплашила малото девојче што паднало од софата и почнало да плаче.
Детето истрчало од собата, додека телефонот продолжил да гори. На снимката се слуша и карактеристичен звук на пукање.
Откако видеото беше објавено на интернет, многу корисници изразија загриженост.
A Chinese girl was about to lose her life due to using her phone, as it exploded while charging. pic.twitter.com/7laRN31P9I— RussiaNews (@mog_russEN) March 12, 2026
„Десната нога поминува низ кабелот“
„Ова е страшно, особено затоа што е дете. Се надевам дека е добро“, напиша едно лице.
„Луѓето спијат до своите телефони секоја вечер додека тие се полнат. Ваквите приказни се застрашувачки потсетник колку ризично може да биде тоа“, додаде друг.
И додека видеото се ширеше по мрежите, се појавија сомнежи за неговата автентичност. Имено, некои корисници веруваат дека може да биде генерирано со помош на вештачка интелигенција .
„Десната нога поминува низ кабелот и нејзиното лице останува сосема чисто. Делува како вештачка интелигенција“, напиша едно лице, додавајќи дека батериите, во секој случај, се потенцијално ризични.
Еден корисник побарал автентикација со Grok. Софтверот не пронашол сомнителни детали, но било нагласено дека, засега, нема потврда за инцидентот во главните медиуми.
Поради оваа причина, дел од јавноста верува дека видеото не е автентично.
The post МОРНИЧАВО ВИДЕО! Телефонот експлодира во рацете на девојка: Луѓето гледаат во шок, се слушаат и звуци на пукање (ВИДЕО) appeared first on Во Центар.



