Ќе има јавна расправа за дозволата за „Усје“, се огласија и од фабриката ТИТАН Усје- се е по закон

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ на која, како што најавуваат од ресорното Министерство, ќе присуствуваат сите засегнати страни како и претставници на граѓанските организации и иницијативи кои протестираа во повеќе наврати и блокираа раскрсници во деновите на загаденост на воздухот.

Истовремено, компанијата „Титан Усје“ соопшти дека продолжувањето на дозволата се одвива според законот и во соработка со институциите.

„При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции. Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање“, велат од компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: